Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска, постапувајќи по жалба на одбраната, одлучи да го промени решението на судијата на претходна постапка и да му ја замени мерката притвор со домашен притвор на началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, првоосмничен во случајот „Тврдина“. Одлуката се уште не е правосилна бидејќи Судот и СЈО имаат право да се жалат до повисоките судови.
Кривичниот совет претходно, по жалбата на СЈО, одлучи дека Судијата на претходна постапка постапил исправно кога не издал налог за претрес на домот на Грујевски.