Венко Крстевски: Од централната власт Кочани досега не добило ништо. Ниту ме примаат на средби. Веќе паднаа маските. Нема простор за калкулации и за финоќа. На социјалните мрежи може да видите како поминуваат ликов како нашиот пратеник, како поминуваат носителите на централната власт и сите институции кои се на некој начин вмешани на ова што му се случи на градот. Во иднина прототип за градоначалник ќе биде оној кој ќе има бескомпромисна војна со корупцијата во градот. Ќе се кандидирам за градоначалник како независен кандидат и, да бидам искрен, има многу голема разлика помеѓу советниците од ВМРО-ДПМНЕ и советниците од СДСМ во Кочани. Мене за в.д. градоначалник поддршка ми дадоа советниците од СДСМ, Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не само според мене, туку според цело Кочани се цивилизациски пораз.
Извор: „Политиканти“