„Имаќи во предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и важи за топ светска дестинација за овој вид на спортски туризам, како содржина во фестивалот е вклучен најадреналински спорт тандем параглајдинг од Мечкин Камен. Меѓу другите адреналински спортови кои ќе се одржат се искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP (stand up paddleboard). За љубителите на планинскиот велосипедизам ќе има кратка и долга тура од 15 и 30 километри, додека за истражувачите на планинските убавини е планирана кратка и долга планинарска тура од 10 и 20 километри.
За прв пат оваа година за обожавателите на трките во склоп на фестивалот ќе се одржи и трка на 5 километри како и trail трка“, велат организаторите.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Крушево домаќин на најадреналинскиот фестивал на отворено од 24 до 26 јуни
0Единствениот планински град во Македонија по шести пат по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој обединува музика, спорт и култура. Дружењето и градењето на летни спомени во Крушево оваа година ќе се одржи 24-26 јуни, конечно со слобода во движење и стариот сјај за забава, велат организаторите на фестивалот.
„Целта на фестивалот е промовирање на крушевските убавини преку будење на адреналинот и желбата за слободно дружење“, додаваат организаторите.
Официјалното отворање на фестивалот ќе биде во раните вечерни часови со забава на отворено со DJ Estephano, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат DJ Bapchu, Day Off, Dj Goce SAF, dj Memba Quinn, Паркети и Cyrillic.
Деталната програма може да се погледне на вебстраната www.wheninkrusevo.com.mk.