Четири момчиња во Нови Пазар, Санџак во Србија се избодени со нож во тепачка која избила синоќа во близина на Економско-трговското училиште во тој град- тројца се повредени, еден полесно, објави полицијата.
Еден малолетник се здобил со повреди опасни по живот, тој има рана во пределот на левата мишка и во стомакот, кој е итно опериран и сега состојбата му е стабилизирана, изјавил за Тањуг дежурниот хирург од општата болница во Нови Пазар, Алмир Бачевац.
Второто момче се здбоило со повреди во стомакот, а третиот е ранет во раката во пределот на подлактицата и во абдоменот. Лесно повредениот 16-годишен напаѓач е ранет со нож во левиот бут.
Осомничениот напаѓач денеска ќе биде изведен пред истаржен судија за малолетници.