Според службените вести од Египед, во судирите на војската со симпаритизерите на соборениот од власт претседател Морси, загинале најмалку 24 луѓе.
Портпаролот на полицијата потврди дека е уапсен вториот човек на исламското движење Муслиманско братство, Хариет ел-Шатер.
Египетската војска оваа недела го стави Уставот надвор од употреба, го симна од власт претседателот Морси, а најавени се предвремени претседателски избори.
Според Ал Џезира, до насилството дојде откако врховниот водач на Муслиманските браќа рече дека ќе останат на улиците се додека симнатиот од власт претседател не се врати на функцијата.
На тоа египедската војска одговори со соопштение дека ќе интервенира се додека на централниот плоштад Тахрир, во Каиро, не ги раздвои симпатизерите и противниците на симнатиот од власт претседател.