Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Куба: Сонце, секс и социјализам

0
By Нова ТВ on July 27, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сонце, секс и социјализам, за некои остров од соништата во однос на социјалната правда, а за други – диктатура во Третиот свет. Двете слики носат печат на стари клишеа. Како се живее денес, 60 години по револуцијата – Репортажа на Дојче Веле

Куба на Фидел Кастро отсекогаш важеше за носталгично место на левичарските бунтовници. Нејзината револуција почна на 26. јули 1953. година со герилскиот напад врз касарната Монкада во Сантијаго де Куба. На 1 јануари 1959. година бившиот диктатор Фуленсио Батиста побегна од Куба, а власта ја презедоа „брадатите“, како браќата Кастро, Че Гевара и нивните соборци, кои народот така ги нарече поради нивните долги бради.
Побуната против режимот на Батиста, за која се смета дека е изведена со поддршка на САД и на мафијата, во САД уште во 1960-те години важеше за алтернатива на општествениот модел во западниот свет. Комунистичкиот остров во капиталистичкото море набрзо доби симпатизери и во Европа, од двете страни на Железната завеса, убедена е социологот Роза Брандхорст:

„Западногерманските левичари собрани околу Руди Дучке и левицата во ГДР, незадоволни од реал-социјализмот, во антиимперијалистичкото движење за независност на Куба гледаа алтернатива“, вели таа. Куба, која се постави како Давид против Голијат, беше идеал и за латиноамериканските интелектуалци, дополнува Брандхорст, која неодамна на универзитетот Гетинген докторираше на темата за актуелната општествена трансформација на Куба.

Закоравени стереотипи

Оваа романтична слика на Куба кај многумина левичари е останата до денес, вели Брандхорст:

„Тоа е слика на доживеана утопија““. Таа се меша со сликите на мулатки кои танцуваат салса и луѓе со цигари кои пијат коктели. Но, во реалноста оваа слика нема многу врска со денешна Куба. Земјата од 1990-те се наоѓа во нов процес на транзиција, смета Брандхорст.
Сепак, транзицијата се одвива помалку радикално отколку во Русија или во Кина. Воведувањето на дуалниот монетарен систем, каде една валута е врзана за американскиот долар, можноста за приватно стопанство во мали размери и олеснувањето на излезот од земјата од 2013 година во Германија предизвикаа малку внимание.

Парцијално известување

Ова се обидува да го коригира Маркус Кунцман.

„Германските медиуми даваат прилично едностран приказ на развојот во Куба, користејќи се обилно со клишеа и поедноставувања“. Овој студент по историја со својот блог „Куба денес“ затоа се труди да претстави конкретни информации за земјата, со цел да ги разбие предрасудите.

„Мислам дека ова е најдобра можност за пресметка со предрасудите“, смета Кауцман. Според него, најчест стереотип е убедувањето дека на Куба нема можности за потрошувачка, дека животниот стандард може да се спореди со екстремно неразвиени африкански држави, дека луѓето се потчинети и не се осудуваат да го кажат своето мислење.

За диференциран поглед се залага и социологот Роза Брандхорст. Таа препознава и недоволно информации кога станува збор за негативнте страни на развојот на Куба:
„Социјалната нееднаквост, укинувањето на системот на социјална заштита, кратењето на помошта за невработените и нејзиното ограничување на една година“.

Цигари, рум и румба

Во Европа затоа порадо остануваат на старите митови. Носталгијата Куба со поцрнети девојчиња кои танцуваат салса и господа кои се состануваат на отмени места во Хавана на деловни средби, во принцип е враќање кон времето пред револуцијата, објаснува Брандхорст. Копнежот по цигари, рум и румба од 1990-те делумно може да се задоволи. По распадот на Советскиот сојуз, режимот повторно се сврте кон туризмот, како важен извор на девизи во замена за советските субвенции. И проституцијата, иако е строго забранета, доживува ренесанса.

Распродажба на бунтовништвото

Другиот мит, револуцијата, во Европа живее и натаму пред се‘ преку ликот на Че Гевара и кубанските барови, кои од пред 20 години никнуват како печурки по дожд. Но, најчесто се испоставува дека сопствениците дури не знаат шпански, вели Брандхорст, од сопствено искуство. Исто така и знаењето за Че Гевара е прилично плитко. „Куба сеилс“, распродажба на Куба, тоа е мотото, заклучува Брандхорст.

Ова искуство го има и блогерот Кунцман: „ Надвор од Куба се прави голем бизнис со иконографијата на Че Гевара. Токму во западна Европа многумина млади се шетаат со сликата на Че на маиците, без да знаат што претставува таа“. Во Латинска Америка и другите земји во развој тоа е поинаку, убеден е тој. Таму многу повеќе се знае за политиката поврзана со Че Гевара и Фидел Кастро: антиимперијализмот и солидарноста со другите народи.

Извор: Дојче Веле на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.