Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук: Не може Бугарија и Северна Македонија кои се две најблиски држави да не најдат пат кон ЕУ

0
By НОВА ТВ on November 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секако двете страни треба да се вратат на преговарачката маса и треба да се искористат сите можности за да се воспостави довербата. Тоа е најдобриот начин Договорот од 2017 година да се исполни. Гледам дека има огромни напори од двете страни, и од Скопје и од Софија, за да се стават на маса отворените прашања и да се најде нивно решение што ќе даде сериозна основа за да започне Првата меѓувладина конференција, вели европратеникот и известувач за нашата земја во Европскиот парламент Илхан Ќучук.

Тој вечерва во интервју за ТВ Сител посочи дека Бугарија уште е во процес на формирање влада, има четири политички сили кои заседаваат и оти се очекува во најкус рок да излезат со заклучоци и да направат влада. Сите, посочува, сме сме заинтерсирани целиот регион да биде дел од ЕУ, тоа е во стратешки интерес на Бугарија, јас сметам така, а на мое задоволство огромен дел на бугарското опшетство и голем дел од политичките партии мислат така. Треба да има задоволителна соработка и има добра основа за сите клучни прашања.

-Не може Бугарија и Северна Македонија кои се две најблиски држави да не најдат пат кон ЕУ. Да имаат заеднички активности во различни дејности, да започнеме од образованието, културата, инфраструктурните прокети, да поминеме на дигитализацијата и можностите  кои ни ги дава ЕУ со зелената трансформација. Тоа се теми кои треба да бидат дел од разговорите во иднината, порача Ќучук.

Темата за историјата,  наведе, требаше одамна да биде оставена на историчарите. Инсистирањето историските теми  да бидат главни прашања меѓу двете страни се види дека создава огромни проблеми. Историските прашања не може да бидат надминати во рок од неколку месеци или неколку години. Заедно со овие историски прашања ние треба да мислиме и за иднината, за перспективата која треба да дојде и од економскиот  развој и од човечките права. ЕУ ги негува сите демократски стандарди, а тоа вклучува човечки права и правата на малцинствата, рече европратеникот.

Според него, има голема доза на разум и потребно е час поскоро да се започнат активни политички разговори.

-Да бидеме искрени едни со други, да ги смириме стравовите на двете страни,  тоа се однесува и за Скопје и за Софија. Само така може да има доверба. Ние имаме силна потреба да се вратиме во зоната на довербата, да го преиспитаме она што ни се случувало во минатото, но со една единствена идеја да тргнеме кон иднината која треба да не води кон ЕУ. Младите поколенија нема да ни простат за ваквиот историски пропуст. Јас сметам и уверен сум дека нерешавањето на билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија го успорува целиот Западен Балкан, рече Ќучук.

Барањата од бугарска страна со пет плус еден формулацијата се испратени, се чекаат одговори од македонската страна и, вели тој, се зависи од двете страни.

Најавува дека наредниот извештај ќе ги одразува и позитивните тендензии, но и проблемите во земјата. Но, како што отенцира, за да има политички развој  и тоа да се оценува од ЕУ треба стабилна политичка ситуација.  – За да бидат направени реформите ни треба мнозинство кое е подготвено да ги реформира важните општесвени области во земјата. Истото се однесува и за Бугарија. За да се реши билатералното прашање  треба да има стабилна влада, рече Ќучук.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.