Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук: Нема лесен разговор за историјата

0
By Нова ТВ on February 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, рече дека никој нема интерес да се запре евроинтеграцијата на Македонија, но дека постигнаувањето на високите цели бара консензус во ЕУ.

-Во државните спорови нема добитници. Нема лесен разговор за историјата и никогаш немало, но тој бара и поглед кон иднината и стратегиските цели. Стратегиска цел на Република Северна Македонија е таа да биде во ЕУ, а тоа е интерес и на Бугарија. Затое потребен разговор и навраќање на Договорот од 2017 година бидејќи дијалогот меѓу двете земји е нарушен. Се надевам дека на средбите овде ќе биде потврдена силната проевропска ориентација, бидејќи ова може да биде силна година за Република Северна Македонија во Европската унија, рече тој додавајќи дека целта му е во извештајот за прогрсот на Македонија во ЕП да стои ставот дека е неопходно да биде отворена преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција.

Запрашан дали, според него, историјата треба да влезе во преговарачката рамка тој одговори дека за такви прашања треба да расправаат компетентни историчари и дека тој нема намера да го решава тоа бидејќи не е специјализиран за такви теми. Но, нагласи тој, треба да се донесат и политички одлуки бидејќи не може сите да ги ставаат овие прашања под тепих и да кажат тоа е проблем на историчарите.

Резолуцијата на ЕП, додаде тој, нема обврзувачки карактер, но е најшироката форум и го преставува силниот глас на европските граѓани.

Околу конференцијата на која ќе се расправа за иднината на ЕУ тој порача дека треба да има место и за земјите од Западен Балкан и дека тоа ќе биде дел од извештајот за напредокот на Македонија што е пред гласање во ЕП.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени дека посетата е важна за нас бидејќи претстои гласање за резолуцијата за Македонија во ЕП.

-Не очекувам ништо повеќе од она што е реално и видливо. Македонија испорача на сите полиња и заслужува вреднување на напредокот, му порача министерот на европарламентарецот.

Тој нагласи дека со гостинот го отвориле и прашањето за нашите односи со Бугарија при што порача дека, и покрај разочарувањето во нашата земја, со несмалено темпо продолжува политичкиот дијалог и очекува дека со посветна работа ќе ја вратиме довербата, рече Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.