НОВА: Како одат работите сега во европската интеграција?
КУКАН: Работите одат добро. Земјата треба да биде наградена за тоа. Оваа ситуација како сега не може долго да продолжи. Европската комисија (ЕК) вели дека земјата ги исполнува условите и Европскиот парламент (ЕП) бара преговорите да продолжат без одлагање. Но Советот на министрите не ги следи секогаш препораките на ЕК. На мое разочарување и ако зборуваме реално тоа ќе биде тешко поради причините што ги знаеме. Ние навистина, особено ЕК, се обидуваме да одиме напред и да најде нова формула со тоа што преговорите ќе почнат. И во таа атмосфера ќе биде многу полесно да се најде решение за името. Во дебата што ја имавме во ЕП пред два дена имаше критики и забелешки дека владата треба да оди напред со европската агенда. Како на пример за Анкетната комисија за 24 декември чија што имплементација оди навистина многу споро и тоа не е добро.
НОВА: Вие не гледате напредок во спорот со името и покрај тоа што ЕК и комесарот Штефан Филе беа директно ангажирани во тоа прашање?
КУКАН: Би сакал да можам да ви кажам да, но не е така. Одамна ги следам настаните на тоа поле и знам дека имаше многу средби на двајцата премиери на двете земји, со најави дека најпосле соопштаат резулати од средбите. Но тоа не се случи. Нема друг начин освен договор помеѓу лидерите за да се реши проблемот. За понатамошниот напредок на земјата ова е приоритет број еден!
– Ако се вратиме на името овде преовладува реалистичен песимизам во овдешните институции. Имаше една интересна работа. За време на дебатите некој предложи да го поканиме амбасадорот Метју Нимиц на разговор во Комисијата за надворешни работи на ЕП. Така што наскоро ќе напишеме писмо од претседателот на Комисијата Елмар Брок и ќе бараме да се покани Нимиц за да имаме директен и отворен дијалог со него.
НОВА: Како го гледате проблемот што се појави така одамна за бугарска најава за блокада?
КУКАН: Да, сега го има и тој проблем. Пред околу една година бугарската политика одлучи за го користи овој проблем во својата надворешна политика. Јас лично не гледам зошто тоа за нив е добро. Сегашната влада на Бугарија е не многу стабилна е во коалиција со Атака, тие се екстремисти и во оваа ситуацијата сето тоа се комплицира. На Македонија и требаат пријатели.
НОВА: Дали Македонија има пријатели помеѓу земјите членки и во ЕП?
КУКАН: Да, има. За време на гласањето на резолуцијата тоа се покажа. Но, за одите напред сите земји треба да ви се пријатели.
НОВА: Всушност Македонија има 4 услови што треба да ги исполни за да почне преговори со ЕУ: да го реши името, да потпише договор со Бугарија, да ја формира Анкетната комисија и да направи напредок во слободата на медиумите. Дали сите овие услови треба да се исполнат да се почне со преговорите?
КУКАН: Ако еден од тие условите биде исполнет – спорот со името, тоа сосема ќа ја смени ситуацијата. Ако ги исполните трите останати а не и спорот, ситуацијата ќе остане како и досега.
НОВА: Македонија има поддржувачи и пријатели но како ќе го прокоментирате тоа дека и покрај тоа ситуацијата во земјата, во однос на политичкиот дијалог и слободата на медиуми, продолжува да се влошува?
КУКАН: Во земјата нема движење кон Европа и тоа делумно ја објаснува ситуацијата во однос на вашето прашање. Ваквата ситуација креира поголема тензија и затоа сите проблеми се потешки за решавање. За владата е тешко да ја задржи големата поддршка за ЕУ во земјата во ситуација кога работите а гледате дека ништо не се случува. Нема награда. Високиот политички дијалог со ЕК беше креиран само за Македонија бидејќи ЕК сакаше да направи нешто за земјата, не да ги компензира преговорите, но да покаже дека нешто се случува.
НОВА: Дали во вашите разговори што ги имавте неделава со министерот Бесими на дебатата за Македонија ги пренесовте пораки што од вас ги бараат организациите за слобода на печатот за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски?
КУКАН: Не, но Бесими беше позитивен дека проблемите се решаваат, дека има волја за тоа. Повеќе пратеници ја споменаа слободата на медиумите и дека тоа е нешто што мора да се реши.
НОВА: Македонската опозиција доби нов лидер кој беше избран пред неколку дена и колку тоа може да ги промени работите на подобро во земјата?
КУКАН: Сега ние овде многу внимателно следиме како новиот претседател на социјал-демократите ќе ја презвеме својата работа. Она што го слушаме е дека тој е харизматичен политичар, џентелмен… и се надеваме дека ќе биде одговорен за својата земја. Во едно демократско општество опозицијата има простор и право да ја критикува владата и да смета дека подобро ќе ја врши работата во општеството и тоа е легитимно во демократија.
НОВА: Доколку Македонија не добие преговори во јуни и доколку проблемите со медиумите, Анкетната комисија, Грција и Бугарија не бидат решени, какво ќе биде во наредниот период односот на ЕУ кон Македонија? Ќе има ли заладување на односите или се ќе продолжи како досега?
КУКАН:Односите нема да се сменат драматично во вакво сценарио. Мислам дека во односите централната точка ќе биде како земјата да се поттурне напред. Но, на извесен начин добрите чувства кон Македонија ќе исчезнат, поддршката нема да биде обоена со ентузијазам како досега и, имагинацијата која постоеше досега како со ВПД, повеќе нема да биде тука. Сите тие работи беа доказ дека сите ние на Македонија и сакаме добро.
– Всушност Македонија е остане самата на себе и тоа не е добро. Но, со оглед на тоа што ЕУ е заинтересирана за членство на Македонија, може да се замисли дека некои нови мерки ќе бидат пронајдени. Комесарот Филе инвестираше голема енергија во македонското досие но прашање е дали во идната ЕК во 2014 година ќе има воопшто комесар за проширување. Веќе има такви шпекулации. И затоа е лошо да не се искористи овој тренд.