Џабир Дерала: Трагичната иронија е во тоа што, и покрај воспоставувањето на меѓународното хуманитарно право и безбројните конвенции за заштита на цивилите, токму цивилите се тие што продолжуваат да го носат товарот од насилството ширум светот. Од Сребреница во Босна до Буча во Украина и Појасот Газа во Израел, неактивноста на меѓународната заедница често ги прави соучесници во страдањето на најранливите.
Во изминатиот период од 25 години спаѓаат ужасните терористички напади на 11 септември и Војната против тероризмот што следеше, како и руските војни и воени операции во Чеченија, Грузија, Азербејџан, Молдавија и конечно најбруталната и во големи размери тековната војна против Украина, низа конфликти и војни на Блискиот Исток, Африка и Азија – листата продолжува. Толку од декларациите и програмите за промовирање на културата на мирот.
Селективниот пристап на меѓународната заедница каде и кога да спроведе интервенција дополнително ги нагласува нејзините двојни стандарди. Зошто имаше толку брза воена акција во Либија во 2011 година, но долг молк за Сирија и Јемен!? Зошто има толку многу пречки во борбата за слобода на Украина!? Како светот дозволи толку многу страдања на цивилното население во Појасот Газа и Западниот Брег!? Истото се однесува и на конфликтите во Африка… Овие недоследности сугерираат дека културата на мирот повеќе се однесува на политичкиот опортунитет, отколку на човековите права. Точка. Линк