Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кумановката Матеја Ефремовска не се штеди себе си и вложува во атлетиката

0
By Нова ТВ on April 17, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атлетиката е врвен приоритет за младата кумановка Матеја Ефремовска. Таа е државен шампион во повеќе дисциплини, македонска репрезентативка и вљубеничка во спорот. Атлетика тренира веќе 13 години. Дневно на атлетскиот полигон во близина на Соколана, Куманово, поминува од три до четири часа, некогаш и два пати дневно во зависност од временските услови. Не се штеди себе си и се вложува во атлетиката, за што има освоено награди и признанија на државно и меѓународно ниво.

– Од малечка имам љубов кон спортот, а бев натпреварувачки настроена со голема желба за победување. Потоа дојде мотивацијата за постигнување лични и државни рекорди, а денес најголема мотивација ми е одличен настап за атлетската репрезентација и претставување на Македонија во најдобро светло,вели Ефремовска за МИА.

За неа атлетиката е приоритет. И покрај редовните обврски како студент во Кина, таа секојдневно тренира колку и да се чувствува изморено никогаш не пропушта тренинг. Покрај дневните вежбања, дополнително одвојува најмалку еден час за одредени вежби за истегнување, техники за регенерација.

– Тренирав повеќебој на почетокот и тоа ми даде можност да се усовршам и да се натпреварувам во повеќе дисциплини. Бев повеќекратен младински првак во скок во височина, скок во далечина, трискок, 100 м пречки, но и во фрлање ѓуле и фрлање диск. Во овие дисциплини имам учество на балкански првенства со репрезентацијата. Подоцна се фокусирав на фрлање диск каде сум државен првак шест години по ред, без ниту еден пораз, во оваа дисциплина сум и младински и сениорски рекордер. Од минатата година повторно се натпреварувам во скок во далечина, покрај трискок и во овие две дисциплини сум државен шампион. Исто така во трискок сум седум години без пораз, вели Матеја.

Таа учествувала и на европските олимписки игри, што за неа е незаборавно, непроценливо искуство. За таков момент, додава таа, вредат вложувањата и жртвите.

– Моментот кога ќе излезеш на таков грандиозен стадион пред илјадници луѓе и сите ти ракоплескаат е незаменливо, раскажува Ефремовска. За неа најголеми успеси се државните рекорди, во трискок е младински рекордер, а во диск младински и сениорски рекордер.

– Ако треба да издвојам еден успех тоа е соборувањето на државниот рекорд кој беше 40 години стар. Бидејќи имам тренирано повеќе дисциплини, сите ги сакам на некој начин, но најмногу дисциплините скок во далечина и трискок, вели атлетичарката.

Дваесет и петгодишната кумановка е државен првак во повеќе дисциплини и возрасни категории. Настапувала во репрезентацијата во осум дисциплини, на меѓународните натпревари како член на репрезентацијата од 2011 во различни возрасни категории, на балкански првенства, на европски куп, на европски олимписки игри во Баку. И на меѓународните натпревари освојувала награди и медали.

Изразува жалење што не се одржува повеќебој кај нас, бидејќи вели бев успешна во повеќе дисциплини.

Таа е член на Атлетски клуб Куманово каде тренира од почетокот со тренерот Филип Колевски. Во Куманово со изградбата на ателетската патека има услови за развој на атлетиката, но како што вели Ефремовска во ниту една сала во државата нема атлетска патека.

Вежбите ги комбинира со здрава исхрана која се базира на високо ниво протеини, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и одредена количина здрави масти. За неа, вели пресуден е здравиот начин на исхрана што и дава енергија за вежбање и тренинг.

Оваа млада студентка која претходно го усовршила кинескиот јазик, запишала студии-бизнис насока, но поради пандемијата сега ја следи наставата онлајн. И таму вежбала, иако признава дека и бил исцрпувачки период поради многубројните обврски на факултетот. Таа ќе продолжи да се усовршува и да постигнува врвни резултати во атлетиката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.