Прилеп и Куманово со богата програма ќе го одбележат националниот празник 11 Октомври.
Во Куманово Фондацијата за култура и спорт организира три фестивали по повод државниот празник 11 Октомври, „Куманиум“, „Гитаријада“ и „Арт Атак“, соопштија денеска надлежните. Фестивалите ќе се одржат на 11 и на 12 октомври и се дел од празничните манифестации со кои Куманово го чествува празникот.
-По полагање на цвеќето на Спомен-костурницата ќе се одржи фестивалот кој пред пет години го почна „Активум“, но подоцна фондацијата го презеде и успешно го реализа втора година по ред како детски фестивал со жонглери и маскоти, некако соодветни за најмладата популација, изјави директорот на фондацијата, Марио Арангеловски.
Прилеп ќе ги одбележи празникот 11 Октомври и 83 – годишнината од Народното востание. Во програмата се опфатени повеќе настани, започнувајќи од 9 до 12 октомври на повеќе локации низ градот.
Централната манифестација за одбележувањето на 11 Октомври е од 19 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“. Ќе настапи КУД „Пере Тошев“. Со традиционалниот импровизиран напад и огномет градот се потсетува на виорните времиња од 11 октомври 1941 година кога со нападот на тогашната полициска станица, Участакот, е означен почетокот на Народното востание и ослободителната борба против фашистичкиот окупатор.


