Приштина: Кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти во соопштение призна дека премиерот бил „нападнат од шеговит повик“ од руски комичари, нарекувајќи го тоа „несреќен инцидент“ и оценувајќи дека Русија е „опседната“ со Косово, објави „Репортери“.
Инцидентот се случил на 11 февруари, два дена по парламентарните избори.
Овој немил инцидент го зајакнува она што одамна го знаеме, Русија е опседната со Косово и продолжува да не држи како своја цел“, се вели во соопштението.
Иако жалиме што премиерот Курти стана цел на таков повик, оваа епизода ги потврдува неговите принципиелни и конзистентни позиции за клучните прашања, како во јавните така и во приватните разговори, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Курти.