По бурните реакции на косовските филмски работници за намерата на Емир Кустурица да сними филм за трговијата со човечки органи, тој денеска изјави дека филмот ќе се базира на вистински настани.
„Филмот за трговијата со човечки органи во Косово, ќе го смимам врз основа на сведоштвото на еден Германец, на кој му било вградено срце од Србин, жртва на злостроство од „жолтата куќа“, открива Кустурица за српскиот „Блиц“.
Но, Кустурица не одговара на прашањата за тоа кој е тој Германец, кој и каде му е извршена транслатацијата на срце, дали ќе се појави во филмот.
Овој филм Кустурица ќе го снима во Русија каде што има многу пријатели што ќе му помогнат да го заврши овој проект, а режисерот потенцира дека нема да бара пари за филмот од државата Србија.
Кустурица вчера заминал за Сибир каде ќе има турнеја со својот „No smoking orkestаr“, но претходно во Париз ќе се сретне со Моника Белучи за да разговара околу деталите за нејзината улога во филмот „Љубов и војна“.