Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кузмановски: Угостителите да ги поддржат мерките за заштита од ковид-19 како придонес кон  јавното здравје 

0
By НОВА ТВ Balaban on August 14, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предложените мерки од Владата се исти како и мерките кои ги воведуваат владите насекаде во светот во правец на заштита на колективното здравје од коронавирусот и поради тоа, не можам да ја разберам паниката која се крева на социјалните мрежи, наместо сите ние да помогнеме од секоја пора на нашето битие

Како се ближи 16-ти август, кога стапуваат на сила мерките за заштита и запирање на ширењето на коронавирусот, така расте „температурата“ на социјалните мрежи што значат истите за граѓаните и за угостителскиот сектор. Испровоциран , од по малку претераните како што вели, тврдења во коментарите, колку мерките задираат во некои од човековите слободи и права, го регистрираме ставот на Дане Кузмановски , косопственик на пицеријата „МАТТО NAPOLETANO“ од Скопје и кој заедно со колегите од овој сектор ги „вкусил“ негативните ефекти од пандемијата, впрочем и како сите од целиот свет.

Во контактот со НоваТВ, Кузмановски вели дека предложените мерки ги разбира како „мерки кои ги воведуваат владите насекаде во светот, па и нашата во правец на заштита на колективното здравје. И поради тоа, не можам да ја разберам паниката која се крева на социјалните мрежи, наместо сите ние да помогнеме од секоја пора на нашето битие, полесно и без поголеми жртви да излеземе од ова зло“ додава Кузмановски.

Тој смета дека се апсурдни тврдењата дека со тоа што во угостителските објекти ќе бил побаран сертификат за имунизираност, дека со тоа се нарушувал Законот за заштита на личните податоци, зашто според него, „ ако ние правиме копија од тој документ, тогаш некој има право да се сомнева дека може да му биде нарушено правото на заштита на личните податоци, но во услови кога ние тие сертификати ќе ги прегледуваме како картите на кино, не мислам дека би злоупотребиле некој личен податок“.

Исто така, додава Кузмановски за НоваТВ, дека не можел да разбере дека вака срочените мерки нарушуваат нечија слобода на избор, бидејќи владата која ги носи мерките апсолутно го запазила тој момент и оставила простор и за тие што се вакцинирани и за тие што не се вакцинирани, дали од лични, здравствени или независно од кои причини. 

„Тие што не се вакцинирани имаат опција за надвор, тие што се вакцинирани имаат опција за внатре во објектот, слично како за пушачите. На невакцинираните независно од кои причини, да им биде оставена можноста доколку сакаат да посетат некој ресторан, пицерија, кафетерија или било кој угостителски објект или да учествуваат на настан кој би имал над 30 луѓе, да може со  Пи Си Ар тест да потврди дека не е заразен од ковид-19“ , смета Кузмановски.

Единствената дилема што ја има овој косопственик на пицерија е околу редарската служба што би требало да ја има секој објект, согалсно усвоените мерки. Кузмановски предлага тоа да им биде оставено на газдите или на организаторот на настанот , да организира некој човек од своите вработени или тоа да е некоја од хостесите, да ги прегледува сертификатите а не дополнително да се ангажираат редари во услови кога и без тоа речиси 80% од поголемите угостителски објекти си имаат и служби за обезбедување.

Кузмановски не смета дека глобите се превисоки зашто ниедна казна не е висока кога се почитува законот. Тој реагира на реакциите од некои негови колеги со кои како фела губат критериум кај луѓето задолжени да обликуваат и да ги спроведуваат мерките. Дане Кузмановски ги охрабрува властите да не потклекнат и во целост да ги спроведат мерките, зашто очигледно некои ја злоупотребуваат демократијата а и слободата на говорот. 

 

Дане Кузмановски Мерките поддржат угостителите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.