Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЕП 2020: Полска и Австрија се фаворити, С. Македонија со свои сметки и адути

0
By Нова ТВ on May 24, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација е пред крстосница во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. По четирите освоени бода во март (триумф над Летонија со 3:1 и реми со Словенија 1:1) на ред се две врзани средби на националната арена „Тоше Проески“ од кои во голема мера ќе зависи натамошното учество во циклусот. На 7 јуни во Скопје ќе гостува Полска, три дена подоцна и Австрија, селекции на кои им е препуштена фаворитската улога, но сочувана е вербата во капацитетот на „црвено-жолтите“.

Селекторот Игор Ангеловски објави списокот со 23 фудбалери за натпреварите што претстојат. Тројца меѓу нив со повреди, но, сепак, инсистирале да бидат дел од националниот тим, надевајќи се дека дотогаш проблемите ќе бидат минато и ќе можат максимално да одговорат на предизвиците. Крајот на сезоната во англискиот Чемпионшип го пропушти Езџан Алиоски, а со незгоди се соочува и двоецот од Палермо, Александар Трајковски и Илија Несторовски. Во однос на мартовските настапи отпаднаа Стефан Спировски и Иван Тричковски, а во репрезентацијата се враќаат Аријан Адеми и Марјан Радески.

„Само да сме здрави, а кога сме здрави можеме на највисоко ниво и против секого. Несторовски, Трајковски и Алиоски се рехабилитираат од повреди меѓутоа на сопствена иницијатива се ставени на списокот. Тоа доволно кажува за какви личности и играчи станува збор. Пред Стефан Спировски е подолга пауза поради повреда, овојпат го немаме и Иван Тричковски, но затоа назад ги добиваме Аријан Адеми и Марјан Радески“, вели селекторот Ангеловски.

Пристапот останува ист. Се размислува, анализира и подготвува од натпревар во натпревар, па и фокусот во првиот дел од собирот е насочен на Полска против која имаме реми и два пораза во досегашните три одиграни натпревари, сите од пријателски карактер и на неутрален терен. На „Трофеј Марјан“ во Сплит во 2003 година, Полјаците славеа со 3:0, на „Кројцличе арена“ во Ројлинген во 2008 година беше 1:1, а во Анталија во 2012 година „црвено-жолтите“ загубија со 1:4.

„Полјаците се фаворити. Имаат силен индивидуален квалитет со Левандовски, Зјелински, Милик, Пјонтек, итн. Но, и ние имаме свои сметки и адути и се надеваме дека ќе успееме да ги материјализираме со помош на публиката се разбира. Ако ги повториме изданијата од претходните средби, убеден сум дека можеме до позитивен резултат“, нагласува Ангеловски.

Официјалните подготовки се закажани на 3 јуни во Скопје што е термин на ФИФА. Но, најголем дел од фудбалерите ќе се собере во базата во главниот на 27 мај од причина што 17 фудбалери од повиканите се веќе завршени со клупски обврски за оваа сезона или пак во претстојниот викенд ќе завршат.

Повикани фудбалери за мечевите со Полска (7 јуни) и со Австрија (10 јуни) во Скопје во квалификациите за ЕП 2020

Голмани

Столе Димитриевски (Рајо Валјекано/Шпанија)

Дејан Илиев (Арсенал/Англија)

Дамјан Шишковски (РоПС/Финска)

Одбрана

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон/Португалија)

Висар Муслиу (Шкендија)

Егзон Бејтулаи (Шкендија)

Кире Ристевски (Ујпешт/Унгарија)

Дарко Велковски (Риека/Хрватска)

Ѓоко Зајков (Шарлроа/Белгија)

Кристијан Тошевски (Вардар)

Среден ред

Енис Барди (Леванте/Шпанија)

Аријан Адеми (Динамо Загреб/Хрватска)

Бобан Николов (Види МОЛ/Унгарија)

Езџан Алиоски (Лидс јунајтед/Англија)

Ферхан Хасани (Ал Раед/Саудиска Арабија)

Елиф Елмас (Фенербахче/Турција)

Кире Маркоски (Спартак Трнава/Словачка)

Марјан Радески (Шкендија)

Напад

Горан Пандев (Џенова/Италија)

Илија Несторовски (Палермо/Италија)

Александар Трајковски (Палермо/Италија)

Крсте Велкоски (Сараево/БиХ)

Дарко Чурлинов (Келн/Германија)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.