Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ла палома“ – песна која влезе во Гинисовата книга на рекорди

0
By Нова ТВ on July 28, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

„Ла палома“, има ли некој што сака музика а да не ја чул оваа песна. Верувам нема. „Ла палома“ („Гулаб“), таа е секако една од најслушаните, најчесто сниманите, најчесто изведуваните и најомилените песни во светски размери. Запишана е и во Гинисовата книга на рекорди затоа што ја испеал досега најголем хор.

Во 2004 г., во Хамбург беше испеана од 88.600 хористи. Се пеела и се пее насекаде по светот повеќе од 150 години. И наместо да бледнее, нејзината слава како да е осудена на вечност како што е вечен гулабот како птица убавица што ја има насекаде по светот. „Ла палома“, во разни делови на светот се пее по различни поводи. Некаде на крајот на свадбите, некаде на крајот на погребите, некаде како песна на демонстрантите или на морнарите.

Точно се знае дека автор на песната е шпанскиот композитор Себастијан Ирадиер (1809 – 1865), Баскиец. Тој бил надарен и образован музичар. Многу вешт соговорник и пред се авантурист. Свирел на повеќе инструменти и пеел.


Себастијан Ирадиер (1809 – 1865), автор на песната „Ла палома“

Уште како многу млад свирел на оргули по локалните цркви. Подоцна, главно настапувал пред привилегираната аристократска публика, по нивните приватни забави, како и пред високи личности на кралските семејства. Бил професор по хармонија, композиција и теорија на музика.

Во еден период предавал и на Кралскиот музички конзерваториум во Мадрид. Давал и приватни часови по пеење. Гостувал во повеќе земји, најчесто Франција а еден период и живеел во Париз.

Песната „Ла палома“ е поврзана со неговото гостување во Северна и Јужна Америка. Тогаш ги посетил Њу Јорк, Бостон, Филаделфија, Њу Орлеанс, Мексико и Куба. Токму во Куба, поточно во Хавана е создадена „Ла палома“, кога на неговиот прозорец слетал гулаб. Песната е создадена под силно влијание на кубанската хабанера, која во тој период е во подем.


John Jarvie со сопствен аранжман на познатата хабанера од Себастијан Ирадиер

Тој само придонел за нејзината популаризација. Всушност хабанерата е првиот кубански музички стил што станал популарен надвор од Куба, прво во Шпанија, Франција и Англија, најмногу по заслуга на Ирадиер. Не само со „Ла палома“.

Десет години по неговата смрт, хабанерата влегува и во оперската музика кога во 1875 година е одржана премиерата на операта „Кармен“ од Жорж Бизе.

Познато е дека една од најпопуларните арии во операта е аријата „Хабанера“, позната и под наслов „L’amour est un oisean rebelle“, е оригиналната композиција на Себастијан Ирадиер со наслов „El arreglito“. Бизе ја вметнал во операта мислејќи дека е народна песна, дел од фолклорот, но подоцна и самиот се уверил дека таа има автор.

За прв изведувач на „Ла палома“ се смета дека е италијанската оперска пејачката Мариета Албони (1826 – 1894) со клавирска придружба на Ирадиер на споменатата турнеја по Северна и Јужна Америка.

Албони во тоа време била една од најдобрите италијански оперски пејачки (контра алт). Дебитирала со 16 години во Болоња, а со 17 години во Миланската Скала.


(фото) Мариета Албони (1826 – 1894)

Подоцна настапувала и во Кралската опера Ковен Гарден, во Лондон. Нејзиниот пример подоцна го следат и други пејачи, откако се расчуло за популарноста на песната.

Но, масовната хистерија, „Ла палома“ ја доживува многу подоцна. Како одминувало времето и како се развивала и усовршувала дискографската индустрија, радиото и телевизијата, така растела нејзината популарност.

Снимена е во разни аранжмани: со мали состави, воени оркестри, симфониски оркестри, биг бендови, маријачи бендови, џез состави…, а вокалните интерпретатори, ги има на илјадници.

Во почетокот, разбирливо, ја пееле само оперските пејачи, бидејки само тие со својот силен глас можеле да допрат до слушателот што седи во последниот ред од салата. Кога почнал да се употребува микрофонот била достапна и за останатите меѓу кои се: Бинг Крозби, Марти Робинс, Едит Пијаф, Катерина Валенте, Елвис Присли (на англиски „No More“ во филмот „Blue Hawaii“), Дин Мартин, Џоан Баез, Хари Белафонте, Миреј Матје, Хулио Иглезиас… списокот нема крај.

И кај нас, се разбира, ја пееле многу пејачи што настапувале по кафеани, ресторани и посебно летни тераси. А авторот Себастијан Ирадиер, како и многумина други, не ја доживеал славата на својата песна. Умрел во 1865 г. во целосна осаменост, болен и заборавен, само пет години откако слетал гулабот на неговиот прозорец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.