Каков залет зеде Ховит, кој и како го пречека; зошто нема веќе избори во Балкан; и како така и која е таа тактитка да се живее без политика.
Како и секогаш, ние во лајТме не збориме на ѓутура, па почнува со добри вести од култура. Остајте ги тие што велат дека некој театар тргнал на пат играјќи претстави во секој град. Овде се вистинските вести, кога за културата се работи. Така за првпат во земјава и регионов, па дури и пошироко, во едно основно училиште одржано е изложба на графити. На оваа изложба сите важни луѓе биле во мирна положба. Еве ние обезбедивме фотографија ексклузивна од оваа глетка импресивна.
До нашата редакција едно писмо стигна и вели: Чим сте почнале да се бавите со култура и војници еве ви една песна за работата да ви е лесна.
(Видео-материјалот има целосен превод на македонски јазик. Кога на Јутјуб ќе почне прикажувањето, стиснете на копчето „сс“ под него и изберете македонски јазик.)