Почитувани добронамерници, вие што гледате лајТме легнати на перници и дека лајТме се добри, во тоа немате соперници. Денес ќе гледате малку за името и малку за презимето, но оваа едиција бавно ни иде, па што сака нека биде.
ЛајТме започнува со темата најжешка, извештајот за евроинтеграциите, во оваа есен тешка. ЛајТме деновиве само за вас го следеше давањето и предавањето на извештајот на ЕУ на политичките лидери.
(Видео-материјалот има целосен превод на македонски јазик – едноставно, кога на Јутјуб ќе почне прикажувањето, стиснете на копчето „сс“ под него и изберете македонски јазик.)