Бројот на мигранти кои загинаа при синоќешната бродска несреќа во Средоземното Море достигнал до 50 лица, јавува италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на свои извори.
Меѓу загинатите има и жени и околу 10 деца.
Во моментов, во спасувачката операција се вклучени италијански и малтешки бродови и хеликоптери.
Според наводите, брод, кој превезувал околу 250 мигранти се превртел синоќа околу 100 километри јужно од Лампедуса и 110 километри јужно од Малта во меѓународните води под малтешка контрола. Националноста на мигрантите не е утврдена.
Пред една недела, на 3 октомври, во близина на брегот на Лампедуза потона брод, кој превезуваше околу 500 бегалци.