Денес рф (Руската Федерација) изврши напад врз конвој на ОН со животозначајна хуманитарна помош во Херсонската област, објави на социјалната мрежа X, украинската амбасадорка во земјава (Северна Македонија), Н. Е. Лариса Дир.
Овој злостор претставува потврда за систематското игнорирање меѓународните норми од страна на рф. Светот мора да реагира и да ја повика рф на одговорност, повика Дир.