„Русија ќе ги искористи сите правни средства против пресудата која налага 50 милијарди долари отштета да му исплати на поранешниот мнозински акционер на нафтената компанија Јукос“, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров по одлуката на Меѓународниот арбитрарен суд во Холандија.
Судот после десет години донесе пресуда според која руските власти ја прекршиле Енергетската повелба на ЕУ при експлоатација на имотот после банкротот на Јукос 2003.
Русија освен отштетата, која е повеќе од половина помала од она што го бараа оштетените од судот (114 милијадри), мора да плати и вртоглави 65 милијарди долари судски трошоци.
Рокот за исплата на сите отштети е јануар 2015., после што ќе почне да се смета камата.