Москва се надева дека во текот на посетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Бугарија, ќе дојде до напредок околу прашањето за бугарскиот дел од гасоводот „Јужен тек“, соопшти руското МНР.
Во соопштението се наведува дека Русија „се надева на имплементација на проектот за изградба на бугарскиот дел“ од Јужниот тек.
Работната посета на Лавров, на покана од бугарскиот министер за надворешни работи, ќе се одржи на 7 и 8 јули.
Во Љубљана, пак, Лавров ќе се сретне со претседателот Борут Пахор, како и со министерот за надворешни работи и в.д. вицепремиер Карл Ерјевац.
Руското министерство за надворешни работи соопштува дека учесниците во Јужниот тек дека да бидат способни да ги „почитуваат своите обврски“ во изградбата на гасоводот кој треба да го доведе рускиот гас преку Црното Море до Бугарија, Србија, Словенија, Унгарија и Австрија.