Published: Friday, January 23, 2026 13:32
Борче Трајковски: Е моја драга Гордана Јанкуловска, тешко се излегува од чаурата на апашанатот ДПМНЕ, каде што ти беше една од главните ѕвезди. Во сите објавени тел. разговори, ти Гордана, во стилот на неприкосновена и најзаштитена “холивудска“ ѕвезда јасно и гласно ги прифаќаше криминалите на тогашните твои лидери, учествуваше во нив. Си заборавила ли на тоа на М?
Не верувам.
Паметна си и интелигентна за да го избришеш сето оноа што јавноста го слушна од тебе во тие тел. разговори. Точно е, еден од најбитните предмети со кои се соочи СЈО е изворот на нарачателите и извршителите на прислушкувањето, и предметот “Таргет Тврдина“ доби своја судско ДПМНЕ овска завршница.
Иако обвинетите беа осудени на затворски казни од 12 години, “ѕидарите“, пардон “плочкарите“ судии од “кристалното“ началство на бате Саше направија се’ што е во нивна можност и успеаја предметот да го вратат на повторно судење за да го застарат. Ова не е успех на правото и правдата. Тој е успех на судскиот апашанат во кој и ти директно си учествувала. Го заборави ли тефтерчето, Гордана?
И уште нешто со што се обидуваш да ја манипулираш јавноста, а тоа е дека СЈО немал други надлежности освен да го отркие злосторникот кој прислушкувал. Ало Гордана, па нели ти се претставуваш како добар правник, како одличен познавач на законите, а во твојот статус објавен на Офни плус не се гледа ништо друго освен обид за твое сензационалистичко враќање во криминалното јадро на дпмне.
Да те потсетам, пред да ти посочам да го прочиташ текстот на печатот на СЈО. Знаеш што пишува таму?
Знам дека знаеш, ама не ти одговара во ситуацијава. Таму, покрај другото, јасно и недвосмислено пишува дека СЈО има надлежност да ги гони сите дела кои произлегуваат од прислушкуваните разговори.
И што мислиш, кој е црпнат? Сите таму, или сите кај тебе и со тебе …?
Лажеш Гордана Јанкуловска …
Ивор: Фејсбук



