Скопје: Либерално-демократската партија вчера вечер ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите.
Централниот одбор донесе одлука со која дава целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста.
ЛДП ја информира јавноста дека во парламентот ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.