Во Битола пристигна една од најголемите актерки на порашените југословенски простори, Мирјана Карановиќ, која е поканета од директорката на Манаки, актерката Лабина Митевска, да учествува на работилницата „Манаки скрипт корнер“ и ќе го претстави сценариото за нејзиниот филм „Добра сопруга“.
Професорка е по глума на белградската Академија на уметностите, а во Битола доаѓа со желба да научи повеќе околу техниката на пишување сценарија, што уште еднаш го потврдува високото реноме и престижот на сценаристичкото катче.