Трикратниот добитник на Оскар, Даниел Деј Луис, еден од најзначајните актери на својата генерација, решил дефинитивно да го напушти актерството и да се пензионира.
Луис не ги соопшти причините поради кои решил да стави крај на својата четири децени долга кариера. Информациите дека тој повеќе нема да се занимава со глумата ја потврди и неговиот портпарол.
„Даниел Деј Луис повеќе нема да се занимава со актерство. Многу им е благодарен на соработниците и на обожавателите кои беа со него низ годините. Одлуката е лична, поради што ниту тој ниту неговите претставници нема да даваат изјави“, рекла Лесли Дар.
Деј Луис е единствениот актер во историјата кој освоил три Оскари за главна улога. Наградите ги добил како главен актер во филмовите „Линколн“ на Стивен Спилберг, „Мојата лева нога“ на Кристи Браун, односно „Ќе има крв“.
Во кариерата имал уште две номинации, за филмовите „Бандите на Њујорк“ и „Во име на таткото“.
Инаку, Деј Луис и кон крајот на 90-тите реши да се пензионира, но тогаш режисерот Мартин Скорсезе успеа да го премисли, кога му ја понудил улогата во блокбастерот „Бандите на Њујорк“.