Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Легендата на Јунајтед, Педи Креранд: Победата е приоритет за играчите

0
By Влатко Чаловски on August 8, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

камера: Трајче Антоновски

Во време кога Скопје е европската престолнина на фудбалот, неизбежно е а да не налетате на некој фудбалска легенда.

Педи Креранд важи за една од фудбалските легенди кои го облекле дресот на Манчестер Јунајтед, англискиот гигант кој вечерва во Скопје ќе игра против шпански Реал Мадрид во рамките на Суперкупот на УЕФА кој годинава се одржува во Скопје.

Поранешниот репрезентативец на Шкотска има преку 300 настапи за Јунајтед од 1963 до 1971 година со кој освои неколку домашни титули и една европска.

Транскрипт од краткото интервју на НОВА со Педи Креранд:

Креранд: Импресиониран сум од Скопје

НОВА: Ова е ваша првата посета овде?

Креранд: Прв пат сум овде и ова е прекрасен град.

НОВА: Пред нас имаме фудбалска легенда од Шкотска која настапуваше за Манчестер Јунајтед. Што мислите, како ќе заврши натпреварот вечерва?

Креранд: Би бил тотално субјективен и би рекол дека Јунајтед ќе победи вечерва но нема да биде лесно. Ќе биде тежок натпревар за Јунајтед, се зависи од тоа дали ќе игра (Кристијано) Роналдо. Но тој секако требаше да игра за нас

НОВА: Дали сте задоволен со целата ситуација околу Јунајтед?

Креранд: Да да. Бев на сите предсезонски натпревари и тие играат добро. Сега дојде (Немања) Матиќ а тој е прекрасен играч, тој ќе биде многу важен за нас

НОВА: Колку е фудбалот сменет, особено откако последниот трансфер на Нејмар (кој стана најскапиот фудбалер за кој ПСЖ плати преку 200 милиони евра за да го донесе од Барселона)

Креранд: Лудило.

НОВА: Како тоа ќе влијае на трансфер пазарот?

Креранд: Работата е што телевизиите сега им плаќаат многу на клубовите за преносни права. Фудбалот воопшто е многу популарен во моментот. Особено во Америка, тие се луди за фудбалот а парите доаѓаат од таму и плус од телевизиите. На пример Англиската Премиер Лига е најпопуларна и заработува многу од телевизиите.

НОВА: Но, господине Креранд, ако направите паралела од вашето време и сега, дали се изменети вредностите на фудбалот?

Креранд: Не не, иако луѓето мислат дека играчите добиваат многу пари и не им е гајле за фудбалот, тврдам, на фудбалерите играта им е важна. Кога ќе излезат на терен, имаат една цел а тоа е да победат. Ужасно е чувството ако изгубите, а тоа е така се до денес, најважната работа е победата.

Манчестер Јунајтед Педи Креранд Суперкуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.