НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекар нападнат од пациент завршил во Ургентен центар

0
By Менче Атанасова Точи on June 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекар од Клиниката за гастроентерохепатологија бил претепан од син на пациентка, по што со потрес на мозокот и повреди по лицето и главата завршил на Хирушките клиники, дознава НОВА од извори во Ургентниот центар. Настанот се случил завчера попладне на дежурство додека лекарот пунктирал пациентка со малигно заболување на која требало да и се извади вода од стомакот. Во исто време работел и со друг тежок пациент со крварење.

Во еден момент пациентката ја измрдала раката, по што се извадила иглата. Докторот повторно ја наместил и го замолил семејството кое било бројно, да излезат од болничката соба за да не сметаат и тргнал по ходникот. Тогаш синот на пациентката на возраст од 25 години, го нападнал од зад грб, почнал да го мава со тупаници по главата и да го пцуе на национална основа, лекарот кој бил Албанец.

По ова дошло обезбедувањето, а лекарот итно бил однесен во Ургентниот центар каде што му била укажана лекарска помош и биле направени снимања на главата.

Случајот бил пријавен во полиција и во Лекарската комора. Веднаш биле известени двајцата директори на клиниката кои забраниле да се даваат било какви информации во јавноста. Со тоа обидот на лекарите кои сакале да одржат прес конференција за настанот завршил во вода.

НОВА утринава го побара директорот Ненад Јоксимовиќ, но тој не одговори на повиците на неговиот службен телефон.

Во Лекарската комора потврдија дека синоќа кај нив бил пријавен случајот.

-Да, точно е, вчера пријавен случајот кај нас. Ќе бараме заштита и тоа да се вметне во законската регулатива. За Конкретниот случај, откако утре ќе се состави Владата ќе бараме прием кај министерот за здравство за да изнајде начин лекарите да добијат заштита во болниците, изјави за НОВА Кочо Чакаларовски претседател на Лекарската комора.

Ова не прв случај на напад на лекар на оваа клиника. Минатата година од пациент беше нападната лекарка која со денови подоцна не можеше да заздрави од траумите и стресот. И тогаш директорите не се огласија за нападот.

Лекари од скопските клиники на НОВА раскажуваат како секојдневно во амбулантите доаѓаат пациенти кои немаат закажан преглед , без упат и бараат да бидат примени , при што се заканувале дека ќе пријават во Министерство за здравство доколку не бидат прегледани или не бидат прочитани резултатите. Тие велат дека во исто време по ходниците шетаат инспектори испратени од Министерството и Фондот кои симулираат дека се пациенти и регистрираат дали има незадоволни пациенти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.