Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекари во болницата во Дебар работат за само 15 000 денари без платени придонеси

0
By Менче Атанасова Точи on July 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документ со кој се потврдува дека лекар во Општата болница во Дебар работи со Договор на дело за само 15 000 денари,  се појави вечерва на социјалната мрежа Фејсбук. Документот го споделија од Здружението на лекари специјализанти ЗЛС, а потоа и од Асоцијација на специјализанти и млади лекари, од каде потврдија дека се работи за веродостоен документ.

Кратко откако го објавија документот од здруженијата потврдија имаат дозвола од лекарот да се објави за која болница станува збор. Велат имаат информација дека таму неколку лекари(најмалку двајца) работат со Договор на дело за сума од 15 000 денари, без платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

„Станува збор за Јавна здравствена установа, Општа болница во Дебар која не смее да си дозволи да функционира со лекари со Договор на дело. Ако имаат недостог од медицински кадар, нека ги вработат, а не да ги злоупотребуваат избегнувајќи да плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување“, велат во ЗЛС.

Дознаваме дека работните обврски на лекарите им почнуваат во 08 и траат до  16 часот, а ги извршуваат како и останатите вработени доктори во болницата , дежураат, ги викаат на повик за транспорт на пациенти и после работното време. Дневница кога се работи за транспорт на ургентни пацинети до Скопје изнесува  400 денари, а до Охрид 200 денари.

Со ова, уште еднаш се рефлектира незадоволството на лекарите од лошите услови и немањето слух за младите доктори кои се повеќе се насочени да заминуваат на работа во странство.

Инаку, плата на лекар во секундарно здравство, односно во болниците изнесува околу 30 000 денари. Од здруженијата велат дека со двајца доктори на кои им даваат хонорар по 15 000 денари болницата си го „решила“ проблемот со недостиг на кадар и тоа без дополнителни трошоци за придонеси. Тие најавија дека ќе реагираат до надлежните институции за ваквата злоупотреба на младите лекари.

НОВА, во текот на утрешниот ден ќе остари контакт со директорот на болницата за да објасни зошто лекарите се третирани на ваков начин.

 

 

„

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.