Лекарите од ГОБ болницата „8 Септември“ бараат министерот Никола Тодоров јавно да им се извини бидејќи ги етикетирал како криминалци кои ги лажираат податоците од проектот „плаќање по учиник“.
Не го прифаќаат обвинувањето дека над 70 проценти од лекрите ги лажирале податците бидејќи сите контроли покажале дека не само што не запишувале податоците туку внесувале многу помалку од она што сработиле на сопствена штета.
-Очекуваме министерот Тодоров јавно да се извини како морален чин и да каже дека дал погрешна инфорамација изјави Антонио Антевски лекар во оваа болница.
-Девеесет проценти од лекарите беа карактеризирани како извршители на криминал што не е точно. Очекуваме Тодоров да се извини јавно и во иднина да контактира со лекарите директно, а не прво со медиумите потенцира неговата колешка Гордана Божиновска.
Од минстерството засега нема никаква информација во врска со денешната прес конференција на лекарите од градската болница, ниту објаснување што го натера Тодоров да излезе со ваква избрзана и непроверена информација.