Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите доцнеле – следуваат казни

0
By Нова ТВ on June 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска информираше дека лекарите и другите вработени во болниците не го почитувале работното време ова било утврдено по вонредниот инспекциски надзор, кој инспекторите го направиле во петокот, од 14 до 15.30 часот.

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Џевџес Шаќири, информира дека инспекциски надзор бил извршен во Клиниката за дерматологија, за гастроентерохепатологија, за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, за ревматологија, за очни болести, за неврологија, во Стоматолошкиот клинички центар, во Клиниката за уво нос и грло и во Градската болница „8-ми Септември“.

„Од извршениот увид, непочитување на работно време од страна на вработените во јавните здравствени установи е констатирано на Клиниката за дерматологија, Клиниката за ревматологија и Клиника за гастроентерохепатологија. Во останатите клиники (ОРЛ, Стоматологија, Неврологија, Очно, Ендокринологија и ГОБ „8-ми Септември“) констатирано е почитување на работно време на вработените. При овие вонредни надзори, покрај отсуство на вработени, констатирано е и отсуство на дел од менаџерите во неколку ЈЗУ“, рече Шаќири.

На Дерматологија, од вкупно 68 вработени, во петокот, по распоред требало да биде присутен 41 вработен, но инспекторите не нашле на работа двајца вработени, шалтерски службеник и транспортер. На Клиниката за гастроентерохепатологија отсутен бил вработен во одделот за финансии, одговорен за електронската листа за редовност.

„На Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања сите вработени се затекнати на своите работни места- рече Шаќири.
На Клиниката за ревматологија во периодот на вонредниот инспекциски надзор не биле присутни доставувач, секретар и сметководител, а на Очната клиника, на работа биле затекнати сите вработени.

На Неврологија, каде сите вработени биле на своите работни места, додека хигиеничарите и болничарите биле 30 минути на своите работни места пред останатиот медицински персонал. И во Стоматолошкиот клинички центар немало отсуство од работа.

На Клиниката за уво нос и грло на работното место биле затекнати 52 вработени лица, а слободни, поради дежурство, биле шестмина. Двајца вработените биле по нивно барање, ослободени од директорот, а останатите, кои биле електронски евидентирани, биле на работното место.

Во вонреден инспекциски надзор извршен во четвртокот од 17.30 до 20 часот, во „8-ми Септември“, сите вработени, без исклучок, биле на работа.

„За сите констатирани непочитувања на работното време од страна на ДСЗИ ќе бидат известени директорите на здравствените установи, додека за непочитување на работното време од страна на директорите ќе биде известен кабинетот на министерот за здравство“, најави Шаќири.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.