Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите ќе го прослават Денот на здравството со штрајк

0
By Biljana on April 6, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наместо ден за празнување, 7 април Денот на здравството за матичните лекари ќе биде ден за протест.

Од Здружението на приватни лекари ги повикаа сите колеги, докторите и медицинските сестри од примарните здравствени установи, утре во 12 часот да го изразат своето незадоволство на мирен протест пред Министерството за здравство.

„Овој е трет протест и го правиме за сите нас. За да има доктори и медицински сестри во секое населено место. За да останат и младите во државата, а возрасните доктори да можат да работат достоинствено до пензија. Милион закони се сменија, огромен број на министри се сменија, но само законот за доктори останува ист“, вели доктор Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението.

Таа алармира дека голем број помали населени места останаа без доктори, стоматолози и медицински сестри.

„Се е поскапено, покачена е просечна плата, индустриската струја, горивото, храната, но пари за капитационен бод никако да се најдат, пари за плаќање услуги кај специјалисти приватни никако да се најдат, буџети на приватни лаборатории никако да се покачат 16 години“, вели Чолакова и го повика економскиот совет на Владата итно да обезбеди пари за покачување на капитацискиот бод, но и да обезбедат буџет за специјалистичките амбуланти и лаборатории.

Поддршка за протестот, матичните лекари добија и од нивните колеги, приватните стоматолози. 

Матичните доктори со години се жалат дека наместо да лекуваат пациенти, се занимаваат со обемна и често непотребна документација. Затоа бараат пациентите на хронична терапија да не мора секоја година да ја продолжуваат со посета на лекар специјалист, односно хроничната терапија да биде доживотна. Дополнително повикаа да се укине казнената политика на ФЗО за административни грешки.

Ова е трет протест за два месеци на матичните доктори. Тие во февруари и во март, еднократно го бојкотираа работењето со Мој Термин, но примаа само итни случаи. На средба со заменик министерот за здравство, уште при првиот протест им беше ветено дека ќе се формираат работни групи за да се најде заедничко решение за проблемот, но тоа до денес не се случи.

Тогаш од Министерството ветуваа и гарантирана плата за лекарите и медицинските сестри, но и укинување на казнената политика за административни грешки.

(Б.Б.)

протест на матичните лекари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.