Работата во државното здравство е атрактивна, судејќи според одлуката на 103 лекари специјалисти кои претходно си заминале во приватниот сектор, а кои одлучија да одговорат на повикот на министерството за здравство и да се вратат на нивите поранешни работни места.
Во конкурсот на министерството се примени 45 лекари. Според министерот за здравство Тодоров, од почетокот на следниот месец тие ќе тргнат повторно на своите некогашни работни места.
Се очекува на новиот конкурс што ќе се објави во понеделник бројот на лекари кои ќе преминат во државниот сектор, да достигне 150.
-Ова е нова мерка која ја предвидовме со последните измени на Законот за здравствена заштита со која овозможивме доктори кои работат во приватно здравство да бидат преземени во јавното здравство. Како резултат на ова објавивме оглас на кој се пријавија 103 доктори специјалисти кои изразија подготвеност да се префрлат од приватно во јавното здравство. Бенефитот од оваа мерка за преземање е тоа што се вработува готов кадар, специјалисти кои имаат искуство и знаење и веднаш може да се вклучат во редовната работа на здравствените установи каде што се преземаат“, посочи министерот за здравство, Никола Тодоров.