Очната лекарка која си допишувала податоци ќе биде избришана од списокот ТОП 100 најдобри лекари во државата за изминатиот месец. Оваа за НОВА го соопшти раководството на Градската општа болница “8 Септември“ .
Откако ги коригирала податоците се открило дека таа нема сработено доволно за да биде меѓу наградените, а на нејзино место треба да се награди колега кој што го пријавил случајот.
-Докторката сега има 0,096 бодови наместо 108, како што имаше заведено во бодовникот. Според она што го имаме сега како податок сега наградата треба да ја добие друг лекар од очното оделение изјави Сашо Стојчев директор на ГОБ„8 Септември“.
Токму поради ова Тодоров ја стопира исплатата на наградените доктори и најави дека ќе ги проверува еден по еден дали го сработиле она што го евидентирале.
До утре лекарите кои сметаат дека не запишале точни податоци имаат рок од министерот Тодоров да се коригираат. Задутре ќе го добијат личниот доход според она што е евидентирано.
Веќе наредниот ден на 16 мај во сите здравствени установи ќе влезат инспекциските служби за да нарават контроли.
Секаде каде што ќе најдат неправилности ќе следуваат казни, суспендирања од работа, дури и откази најави министерот Тодоров.