Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарот го оперирал починатото момче во изнајмена операциона сала

0
By Менче Атанасова Точи on February 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекарот од приватната здравствена установа што му ја вршел интервенцијата на 29 годишното момче кое што синоќа почина во болницата „8 Септември“, изнајмил операциона сала во друга приватна ординација. Токму во таа ПЗУ сега инспекторите вршат инспекциски надзор, откако претходно биле во болницата „8 Септември“ и во приватната ординација во населбата Тафталиџе.

„ Продолжуваме во друга ординација каде што лекарот изнајмил операциона сала. Ќе треба да се утврди дали смееле да вршат таква интервенција, каква опрема има, со каков кадар располага, кога се земени брисеви последен пат од операционата сала. Се надеваме дека до вечер ќе заврши инспекцискиот надзор“, изјави за НОВА Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ.

Бухова посочи дека после тоа ќе биде инициран и стручен надзор.

Неофицијално, лекарот кој што ја извршил интервенцијата на хемороиди, доаѓал дома кај момчето кое после операцијата добило висока температура, за да му дава инфузија.

Кога ситуацијата се влошила младиот човек бил префрлен во болницата „8 Септември“, каде по неколку часа починал.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го започна инспекцискиот надзор на повик од службите од болницата по смртта на момчето. Нема официјална потврда за причината за смртта, но станува збор за сепса. По барање на семејството телото не било предадено на обдукација.

Од Градската општа болница „8-ми Септември“  Скопје со соопштение дека на 21.02. 2019 година во Ургентниот центар бил донесен пациент во тешка здравствена состојба.
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај. Сите потребни информации и податоци се дадени на инспекторскиот тим. Во интерес на расчистување на евентуалните пропусти, Ве молиме за разбирање, а конкретни информации ќе добиете од ДСЗИ и Министерството за здравство“, се вели во соопштенито на болницата.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.