Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарска комора: Работиме на закони за подобра заштита на лекарот

0
By Влатко Чаловски on November 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Лекарската комора нема материјални средства, а нема ни законски можности да го штити докторот, ние само можеме да бараме од ресорното Министерство и од директорите во јавните и приватните здравствени установи докторот да се заштити, вели претседателот на Лекарската комора, Кочо Чакаларовски, по денешниот немил настан во кој пукано со пиштол беше во хирург.

Чакаларовски вели во конкретниот случај се работи за дело направено со премисла и напаѓачот сакал да се одмазди, односно да убие. Тој посочи дека Лекарската комора интензивно работи на изготовка на подобри закони со што докторот би бил заштитен на работно место.

– Доколку се докаже дека јас сум виновен што докторите се напаѓани затоа што организациски не сум ги заштитил нека кажат каде сме згрешиле (Лекарската комора) и во што. Во последните две години интензивно работиме на донесување на закон за доктори. Ние ќе инсистираме законот кој нашата комисија го изготвува, Министерството за здравство како интегрален текст да го прифати и да се изгласа, изјави првиот човек на Лекарската комора.

Како што објасни тој, во закон подетално ќе бидат обработени заштитата на докторот на работното место и ќе се зборува за минималната плата која треба да им се даде на лекарите.

Во однос на самиот напад, Чакаларовски рече дека според анкетите кои Лекарската комора ги спроведува, одамна лекарите подлегнувале на притисоци од страна на пациентите.

– Падната е почитта кон докторот во очите на граѓаните. Пред 20 години не се викаше, не се мавташе пред докторите а овде бевме сведоци да имаме билборди низ градот кои доведоа до деградирање на вредноста доктор. Јас ве уверувам дека македонските доктори не се лоши доктори, дополни тој.

Министерот за здравство пак, Никола Тодоров, денеска по настанот изјави дека чувствувал морална одговорност за секој настан што се случува во здравството и го осуди ваквиот, според него нецивилизиран потег, и вели дека ваков настан тешко може да се спречи.

– Не сум задоволен и не можам да бидам задоволен, затоа што нема човек што може да биде задоволен од кој било здравствен систем, здравствениот систем е жива материја и постојано има проблеми, поентата е дали тие проблеми се решаваат или не, а вакви немили ситуации имало и во минатото, има и денеска и треба да се осудат и виновниците, изјави Тодоров .

Како што дознава НОВА, во седум часот изутрина бил повикан синот на пациентката кој на клиниките дошол наоружан со пиштол. Влегол во кабинетот на хирургот Љубомир Огненовиќ кој го примил љубезно и се обидел да му објасни што се случило.

По ова, напаѓачот започнал да пука, го погодил докторот три пати во ногата, а медицинската сестра успеала да се спаси. Во лекарската соба биле испукани 5-6 куршуми кои завршиле во sидовите и во мебелот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.