Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарската комора се уште без став за апсењето на Ставриќ

0
By Менче Атанасова Точи on May 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекарската комора на Македонија, најверојатно во вторник ќе се изјасни каков е став на оваа лекарска асоцијација по однос на спектакуларното апсење и затворската казна од една година за очниот хирург Дејан Ставриќ.

Иако, претседателот на комората Кочо Чакаларовски веднаш по апсењето на Ставриќ најави дека ставот ќе го оформат веднаш по пресудата, тоа не се случи. Од комората ни одговорија дека Чакаларовски е на службено патување, а заменик претседателот Џабир Бајрами замоли да не го прашуваме ништо, се до вторник кога ќе има редовен состанок на раководството на Лекарската комора.

– Ве молам не ме прашувајте ништо, кратко одговори Бајрами.

Ова не прв пат асоцијацијата која треба да ги штити интересите на лекарите да биде инертна или воопшто да нема став по однос за важни работи кои се однесуваат на нивните членови.

Ден по апсењето на Ставриќ кога НОВА побара став од Лекарската комора претседателот Кочо Чакаларовски беше зачуден од информацијата, рече дека првпат слуша за апсењето на познатиот офталмологот.

-Првапат слушам за апсењето, но велам, прво нека се испита случајот, нека се почитува „презумцијата на невиност“, а дури потоа комората ќе се изјасни, изјави тогаш кратко Чакаларовски. 

Новоизбраниот лидер на Синдикатот Горан Беговиќ, вчера за НОВА изјави дека ќе застанат зад нивниот колега и доскорешен лидер, со финансиска, морална и правна помош доколку е потребно. 

-Апсолутно сум против апсењето кое беше изведено спектакуларно и на тој начин пренесено во медиумите. Во останатиот, судскиот дел не можам да се мешам. Но, ние му даваме целосна подршка на Ставриќ како наш колега и поранешен лидер на Синдикатот на клиниките, изјави Беговиќ. 

Во понеделникот на 26 мај, Ставриќ беше осуден на една година затвор и прогласен за виновен за сторено кривично дело примање на награда за противзаконито влијание. Пред два дена офталмологот беше пуштен во домашен притвор. Ставриќ на судењето рече дека ова е монтиран процес и најави борба во своја одбрана преку судскиот систем, а доколу тоа е потребно и во странство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.