Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарската комора трошела, на сметката има само 46 000 денари

0
By Менче Атанасова Точи on May 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зголемување на месечните примања на докторите во износ од две просечни плати за да се спречи заминувањето на младите лекари во странство. Ова е една од мерките за која ќе се заложи новото раководство на Лекарската комора во првите шест месеци од своето работење.

„Ќе издејствуваме преку Министерството и Фондот за здравство да се зголемат примањата во износ од две просечни плати, како една од мерките за да се спречи одливот на лекарите. Се надеваме ќе успееме во тоа“, изјави др. Илбер Бесими заменик претседател на Лекарската комора.

Она што најавија дека ќе го направат веднаш е ревизија на финансиското работење на досегашната работа комората.

Во приоритетите е и ревизијата на реформите кои беа донесени од министерот за здравство Никола Тодоров. Тоа се: Барање за укинување на проектот  плаќање по учинок кој не донесе ништо добро ниту за лекарите ниту за пациентите, редефинирање на проектот „Мој термин“ и прилагодување на стандардите според СЗО,  медицинскиот кадар да биде ослободен од административната работа, донесување на Законот за доктори во Собранието на РМ.

„Ќе го дооформиме тимот и прв чекор е ревизија на досегашното работење на комората. Ќе инсистираме на соработка со Фондот и Министерството за здравство за да ги реализираме сите овие работи“, изјави др. Калина Гривчева Старделова претседател на комората.

Во моментот на сметката на Лекарската комора новото раководство затекнало само 46 000 денари . Комората исплаќа два кредита. Едниот во вредност од 376.100 денари е за новиот простор за сала за конференции во центарот на градот. Откога увиделе дека не можат да го издржат финансискиот товар од овој кредит, старото раководство од комората го издало просторот за 1800 евра месечна кирија.

Со вториот кредит во износ од 317.663 денари комората ја отплаќа опремата во Симулацискиот центар на Министерството за здравство.  Со парите на докторите старото раководство на сметката на Министерството за здравство уплатило 240 000 евра за „фантомите“(кукли) на кои учат студентите и се полагаат државните испити. Ова предизика голем револт кај лекарите, кои сметаат дека нема зошто комората да го финансира Министерството за здравство. За разлика од комората, министерството под чие владение е овој центар, за оваа намена потрошило само 120 000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.