Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛЕНКА: Тортура врз работниците на висококатниците

0
By Нова ТВ on July 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Движењето за социјална правда ЛЕНКА упати јавен повик до трудовиот инспекторат под итно да изврши контрола во општина Аеродром каде што се градат висококатниците поради, како што обзнанува ЛЕНКА, злоупотреба на работниците кои ја градат зградата. Повикот на ЛЕНКА доаѓа непосредно по информацијата дека денеска починал повредениот молер кој работел на висококатниците и кој пред неколку дена настрада во пожар во објектот. Работник кој е ангажиран на висококатниците се пожалил кај ЛЕНКА дека она што се случувало таму било надвор од сите процедури, а работниците биле истоштувани, работеле и ден и ноќ и досега немале ниту еден слободен ден во цели 5 месеци.

„Турската компанија има рок од 6 години да го заврши проектот, а таа си поставила цел тоа да го заврши за три – па секој ден има потреба од ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА на дел од работниците, исто така и секоја недела е работна за повеќето од нас (има работници што по повеќе од пет месеци воопшто немаат одмарано ниту еден слободен ден)!!! Сите работи околу армирање се работат додека се гледа, а после навечер доаѓа бетон и се бетонира претходно спреманиот спрат, тоа трае до еден по полноќ, а неретко и 2 и 3 часот – по што следува перење на пумпата за бетон на дел од работниците (тоа одзема уште пола саат). Значи работниците се на градилиште од 8 сабајле до 1 или 2 по полноќ (тоа се некогаш 18 РАБОТНИ ЧАСОВИ во еден ден!!!) и сабајле повторно мора да бидат во 8 часот на работно место!

-Има исклучително ризични работи на градилиштето (како сечење со шлајф машина, движење по штици на огромна височина…) и ова може да предизвика сериозни последици. Но и вакво нешто да не се случи, работниците се сите ИСТОШТЕНИ и хронично уморни, освен тоа работат и под огромен псхолошки ПРИТИСОК, затоа што фирмата има вработено специјално луѓе кои ке контролираат дали работниците работат. Овие ‘пастири’ се невидено ДРСКИ, чудно е како немаат грам совест, и не ни даваат ни воздишка да земеме. Ова е бетер од оние познати описи на ранокапиталистичката експлоатација која се дешавала порано…“!, пишува во повикот на ЛЕНКА до трудовиот инспекторат.

Движењето за социјална правда ЛЕНКА е едно од најангажираните во областа на заштитата на работничките права. Активистите на ЛЕНКА се постојано на терен помеѓу работниците, а често бесплатно ги застапуваат и на суд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.