Младите џез музичари од групата “Летечки пекинезери“, кои се добро познати по своите одлични настапи во живо, се најдоа во конкуренција во „Made in NY jazz competition“ интернет натпревар кој се одржува по прв пат.
Целта е интеграција на социјалните мрежи со млади џез музичари. Постојат седум категории (соло инструмент, соло вокал, мал бенд, голем бенд.) во кои музичарите треба да соберат гласови од интернет публиката.
Жири комисијата ќе одбере по еден музичар или група од секоја категорија да учествуваат во финалето, а тие што имаат најмногу гласови од посетителите на интернет страницата без одлука на жирито влегува финалниот избор.
Потоа жирито, во кое членуваат познати современи џез музичари како Џои Ловано, Лени Вајт и Ренди Брекер, одлучува за победникот, кој ќе добие награда од 3 илијади долари и настап на „Made in NY Jazz Festival“ во ноември во Њујорк.
„Летечите Пекинезери“ се единствените од Македонија што учествуваат на овој натпревар. Тие го најавуваат својт нов алубум .