Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛГБТ: Бараме Груевски и Иванов да го осудат насилството

0
By Нова ТВ on June 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЛГБТ заедницата го осуди демолирањето на ЛГБТ центарот и го повика МВР најитно да ги открие и уапси вандалите. Во соопштението се вели:

-Најостро го осудуваме насилството од омраза пред споменикот на „Воинот на коњ“, хулиганското дивеење и демолирањето на ЛГБТ центарот во „Стара Чаршија“ (додека се одржуваше проекција и трибина за правата на транс лицата), и говорот на омраза кој поттикнува на насилство и дискриминација.

Бараме од МВР најитно да ги открие и уапси сторителите на кривични дела кои претепаа лице во центарот на Скопје, кои повторно го демолираа ЛГБТ центарот во „Стара Чаршија, кои нападнаа и повредија полицаец во вршење на службена должност, и кои ширеа и продолжија да шират закани и говор на омраза кој поттикнува на насилство и дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

За жал, и покрај преземените превентивни мерки од страна на МВР, се случија сериозни кривични дела (насилство на плоштад, насилство врз ЛГБТ центарот и активистите во него, напад на службени лица) за кои има повеќе индиции дека се кривични дела сторени од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Иако ова не е прв напад на ЛГБТ Центарот, сепак е прв пат истиот да биде нападнат во присуство на луѓе и одржување на настан, поради што сметаме дека нетолеранцијата кон ЛГБТИ заедницата станува се поголема.

Поради ова, го повикуваме јавното обвинителство конечно да ги препознае кривичните дела од омраза поради карактеристиките на луѓето, поради што бараме сторителите да бидат пронајдени и истите да бидат гонети за насилство предизвикано од диксриминација поради сексуалната ориентација и родовиот идентитет на луѓето.

Бараме конечно да се применат одлуките на Европскиот суд за човекови права, во кои е јасно наведено дека „сексуалната ориентација како фундаметална карактеристика на една личност, треба да се третира на ист начин како и категориите раса, етницитет и религија, кои најчесто се покриени со закони за санкционирање на говор на омраза и насилство од омраза“.

Сметаме дека со ова конечно ЛГБТИ заедницата ќе добие заштита и поддршка од институциите кои треба да ги штитат правата на сите граѓани и превентивно ќе делува во иднина вакво насилство да не се повтори.

Ја потсетуваме јавноста дека уште на 21.06.2012, Коалицијата и Хелсиншкиот комитет за човекови права пријавија во полиција дека јавно „се поттикнува отворено насилство кон ЛГБТ лицата“ и дека „Очекуваме од МВР да ги преземе сите неопходни мерки за заштита од насилство, дискриминација и ширење омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, и да овозможи мирно и непречено одвивање на планираните активности во „Неделата на гордоста“.“

Го повикуваме премиерот и претседателот на Република Македонија да го осудат ваквото насилство, поради тоа што и ЛГБТИ луѓето се граѓани на Република Македонија и истите треба да бидат почитувани и заштитени како и сите останати граѓани на оваа држава.

Бараме од лидерите на политичките партии, и од лидерите на верските заедници јавно да го осудат насилството кон ЛГБТ лицата и активистите за човекови права и да се оградат од хулиганите и неонацистичките групи кои јавно повикуваа на насилство и дискриминација.

Бараме од Владата и од пратениците да подготват законски измени со кои кривично ќе се казнува говорот на омраза врз сексуална ориентација и родов идентитет и со кои ќе се предвидат поостри казни за делата сторени од омраза врз сексуална ориентација и родов идентитет.

Упатуваме апел до медиумите и новинар(к)ите да престанат со ширењето на дезинформации (како што беа дезинформациите во врска со „Геј парадата“), да се воздржат од ширењето на негативни стереотипи и предрасуди за ЛГБТ лицата, и од објавувањето на содржини кои поттикнуваат на насилство и дискриминација врз која и да е основа.

Ја повикуваме граѓанската и интелектуалната јавност во Република Македонија најостро да го осуди насилството врз ЛГБТ-активистите (кои беа нападнати од маскирани хулигани додека оддржуваа трибина во ЛГБТ центарот), како и екстремистичките групи (од неонацисти, маскирани хулигани, и верски фанатици) кои почнаа отворено да дивеат во центарот на Скопје.

Уште еднаш бараме од МВР да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на ЛГБТ лицата и активистите за човекови права од насилство, дискриминација и ширење омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, и да овозможи мирно и непречено одвивање на другите планирани активности во „Неделата на гордоста“, се вели во реакцијата на ЛГБТ заедницата

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.