Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛГБТ: Насилство врз активисти во Битола

0
By Нова ТВ on April 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЛГБТ Македонија вечерва излезе со соопштение во кое остро го осудува повторното насилство врз нивните активисти:

“На 20.04.2013 активисти од „ЛГБТ Јунајтед“ и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ спроведуваа јавни активности во Битола, во рамките на проектот „Граѓанска иницијатива за ЛГБТ права“.

Активистите за човекови права лепеа постери со промотивна содржина за човековите права на ЛГБТ лицата, и прошетаа низ „Широк Сокак“ со знаме во боите на виножитото.

Веднаш по напуштањето на прометниот „Широк Сокак“, пред хостелот „Дајмонд“, активистите биле прво нападнати од четири лица, а подоцна им се придружиле уште тројца насилници. Постерите во кои се промовира еднаквост, недискриминација и ненасилство, биле насилно одземени.

Тројца активисти биле омаловажувани, плукани, туркани, удирани со шлаканици по лице и со постерите по глава.

Откако една активистка викнала „Не го удирај“, добила закани и одговор: „За педери постери ќе лепите во Скопје, тука во Битола не!… Ќе ве претепам, пренеси им на сите! Дошле еднаквост да бараат во Битола?!“ Кога еден од нападнатите активисти се обидол преку телефон да побара помош, еден од насилниците му го одзел телефонот од рака и му се заканил со зборовите: „Ќе те распарам!“. Насилниците ги одзеле постерите, телефонот го фрлиле на земја и заминале.

Насилството врз ЛГБТ активисти е веднаш пријавено во полициска станица во Битола.

„ЛГБТ Јунајтед“ и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ најостро го осудуваат насилството врз активисти за човекови права во Битола и бараат од МВР да преземе итни мерки за откривање и казнување на насилниците.

До кога ЛГБТ активистите во Македонија ќе бидат жртви на насилство и на говор на омраза?

„ЛГБТ Јунајтед“ и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ бараат од Владата јавно да го осуди насилството и говорот на омраза врз ЛГБТ лицата и да престане со дискриминаторските кампањи кои промовираат омраза, нетрпеливост, социјално исклучување и насилство врз ЛГБТ лицата.”, се вели во соопштението на ЛГБТ Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.