Полицијата во Париз на готовс откако со огнено оружје беа нападнати весникот „Liberation“ и банката „Societe Generale“.
Еден од фотографите, 27 годишен, е сериозно повреден, а граѓанин-моторџија бил кратко заробен како заложник близу „Societe Generale“ и принуден да вози до Шанзелизе пред да биде ослободен.
Полицијата сега е стационирана пред сите поголеми медиумски куќи во Париз. Засега нема информации дали истиот човек стои зад инцидентите.
Според француските медиуми, киднаперот го уценувал моторџијата дека бил вооружен со гранати.
Од друга страна револверашот влегол во канцеларијата на весникот, и почнал да пука. Испукал два куршума без никаков претходно-познат мотив, со ловечка пушка, по што повредил еден од фотографите во раката и градите.
Според еден од уредниците на „Liberation“, повредениот се бори за живот. Неименуваниот фотограф, бил хонорарец-асистент кој неодамна влегол во редакцијата да работи на фотосесија.