Зоран Милошоски: Меѓутоа, вчерашната реакција на новинарските здруженија во насока на заштита на „увреѓениот“ новинар на ТВ Алфа од изјавата на Филипче, е врв на нивното лицемерие и непринципиелност.
Дополнително, нивните апели за толеранција, повикување на меѓународни стандарди, упатување на општествените чинители правото и правдата да ги бараат и докажуваат низ законски процедури во услови кога македонското правосудство е обична марионета во рацете на Мицко, е потценување на интелигенцијата за секој здраворазумен македонски граѓанин.
Со години наназад, секојдневно, медиумските платеници на Белата палата вршат јавен линч, бесрамно и безобѕирно клеветење на партиските лидери и истакнати функционери на СДСМ, без притоа да им фали влакно на главата! Зошто новинарските здруженија остануваат неми на сето тоа, иако точно се знаат имињата на медиумските ќенефи и гомнарите со микрофон и перо во раката?
Зошто нив не ги упатуваат искажаните клевети да ги процесираат и докажуваат пред надлежните институции?
ТВ Алфа, исто како и поголем број други инструирани и дебело платени медиумски подопашници и вувузели на злосторничкото здружение, се обични полски нужници, чија смрдеа ги пара сетилата за мирис на нормалните граѓани.
Нормални, во буквална смисла на зборот!
Извор: Фејсбук



