Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите на Г-20 ја одобрија реформата на меѓународниот даночен систем

0
By Ivana on October 30, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на држави и влади на Г-20 денеска одобрија историски договор за реформа на меѓународниот даночен систем кој треба да стави крај на даночните раеви со воведување минимален корпоративен данок од 15 отсто за мултинационалните компании.

„Сите претседатели на земјите на Г-20 денеска одобрија историски договор за нови меѓународни даночни регулативи, вклучително и минимален меѓународен данок, кој ќе стави крај на конкуренцијата во даночните намалувања кога станува збор за оданочувањето на компаниите“, изјави преку соопштение американската министерка за финансии Џенет Јелен.
Новите правила треба да стапат на сила во 2023 година, а официјално ќе бидат потврдени во завршната изјава на Г-20 во текот на утрешниот ден.

Договорот беше постигнат на почетокот на октомври од 136 земји, кои сочинуваат повеќе од 90 отсто од светскиот БДП, под покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Реформата треба да им овозможи на овие земји да остварат дополнителен приход од околу 150 милијарди долари благодарение на овој минимален данок.

Фактот дека Ирска, Унгарија и Естонија се приклучија на договорот во последен момент, на почетокот на октомври, му овозможи на ОЕЦД да ги заврши преговорите непосредно пред самитот во Рим.

Нивното придружување е многу важно бидејќи Франција сака да го искористи своето претседавање со Европскиот совет од јануари 2022 година за да донесе европска регулатива за минималниот данок, за која е потребна едногласна одлука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.