Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерот на ултранационалистичката “Атака“ нападна новинар

0
By Нова ТВ on May 22, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Волен Сидеров лидер на бугарската ултранационалистичка партија „Атака“, го нападна новинарот Теодор Агелов на телевизијата СКАТ, а потоа заедно со неколку свои партиски активисти физички сакаше да се пресмета и со полицаец кој пристигна на местото на инцидентот.

– Зошто ги нарекуваш престапници бугарските граѓани? Кој ти даде право да се однесуваш така? Зошто ги навредуваш нашите гласачи? Зошто, а? Зошто – викаше Волен Сидеров.
И со нови обвинувања продолжи да вика кон новинарот Ангелов:
– Турчин си бе, а? Tурчин ли си? – го прашуваа новинарот.

Тие со сила го тераа новинарот да му се извини на бугарскиот народ пред Народното собрание.

– Не ме плукајте, г-дин Сидеров – возврати новинарот Теодор Ангелов.
Скандалот траел околу десетина минути, а на местото на инцидентот пристигна и полицаец, кој исто стана мета на агресивниот политичар, кој се сврте кон него и го обвини дека ги спроведува плановите на неговите шефови.
– Легитимирај се! Кој те испрати? Цветан Цветанов ли? – викаше Сидеров.

Видливо загрижениот полицаецот објасни дека се вика Тодор Тодоров, а причината за неговото присуство е повикот за помош.

Телевизијата СКАТ и Сидеров се во отворен конфликт од поодамна. Иако телевизијата учествуваше во форсирањето на националистичката партија “Атака”, по влегувањето на партијата во парламентот, и особено по изразената поддршка за ГЕРБ на Бојко Борисов пред време, односите меѓу нив се заострија.

– Сакав да направам интервју со Волен Сидеров. Прашањето што го разлути беше зошто ги поддржуваат БСП и ДПС, бидејќи тие практично токму така постапија денеска. Останатото го видоа сите. Сидеров изгледаше како да користел недозволени супстанци. Ме удри неколку пати во стомакот. Потоа еден полицаец дојде и ме спаси, по што тој го удри и него.

Се уште не сум решил дали ќе преземам нешто во врска со случајот. Имам средба со својот адвокат, тогаш можеби ќе одлучам – рече новинарот.

Во Бугарија ситуацијата е многу вжештена по неодамнешните парламентарни избори. Бојко Борисов најави дека ќе го земе мандатот, но дека за половина час ќе го врати зашто не може сам да формира влада. Тој нагласи дека се решил на таков чекор од причина што „веќе се гледа формирањето на нова тројна коалиција“ меѓу Бугарската социјалистичка партија, турското Движење за права и слободи и националистичката партија „Атака“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.