Лидерот на грчката крајнодесничарска партија Златна зора Николаос Михалолиакос ќе одговара пред судот „за водење на криминална организација“. Судот во Атина одлучи
Михалолиакос останува во притвор до почетокот на судскиот процес.
Доцна синоќа Николаос Михалолиакос беше изнесен пред истражен судија и обвинител, за да ги слушне обвиненијата за основање и учество во криминална организација.
Тој ги отфрли обвиненијата по шестчасовната расправа. По завршување на судското рочиште Михалолиакос е пренесен во строго чуван затвор.
Останатите обвинети Касидиарис, Панајотарос и Михос судот вчера ги пушти да се бранат од слобода, со одредени услови, додека пак на Лагос му е одредена мерка притвор, а пресудни биле телефонските разговори веднаш по убиството на музичарот Фисас.
Портпаролот на Златна зора, треба да плати и кауција од 50 илјади евра, а заедно со останатите ослободени имаат забрана да ја напуштат земјата.
Лидерот на Златна зора Михалолиакос беше уапсен во саботата заедно со други членови на партијата, за која се тврди дека е неонацистичка криминална група.