Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија, соопшти Владата по денешната најава на премиерот Зоран Заев дека утре ќе се одржи лидерска средба.
Од Владата информираат дека лидерската средба треба да започне во 18 часот во Клубот на пратениците.