Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лили Марлен – песна слушана на двете завојувани страни во Втората светска војна

0
By Нова ТВ on July 30, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаел Мице Бошковски

Приказната за најпопуларната песна за време на Втората светска војна која подеднакво била слушана од двете завојувани страни, датира уште од крајот на Првата светска војна кога мобилизираниот германски војник Ханс Лајп, инаку учител по професија, го напишал текстот кои се однесува на љубовта на војникот кон својата девојка со која се состанувал под фенерот на влезот во касарната додека бил на стража.

Па и насловот на песната бил во таа смисла – „Песната на младиот војник на стража“, а името Лили Марлен всушност било комбинација од имињата на неговата девојка Лили и името на пријателката Марлен.

Подоцна, некаде во 1938 година, на овој текст била напишана музика од германскиот композитор Норберт Шулце, а песната добила друг наслов „Девојката под фенерот“ но самите слушатели ја преименувале и станала општо позната како „Лили Марлен“.

Германската верзија прва ја снимила пејачката Лале Андерсeн во 1939 година, а првата англиска верзија на текст од Томи Конор ја испеала англиската пејачка Ен Шелтон, а најпопуларната славната актерка Марлен Дитрих родена германка која со напливот на нацизмот емигрира во САД. Прима американско државјанство и јавно се спротиставува како голем противник на Хитлер и неговата политика, a во една прилика го нарекува идиот.

Првото издание со пејачката Лале Андерсeн било во скромен тираж од неколку стотини примероци, но големата популарност песната ја стекнала две години подоцна кога германските воени сили, во 1941 година, ја нападнале и ја окупирале Југославија.

Тогаш Радио Белград добил ново име „Војнички радио Белград“ чиј радио сигнал, во тоа време, можел да се слуша низ цела Европа. Офицерот што бил назначен како одговорен за радио станицата бил колекционер на грамофонски плочи па ги понел со себе и ги користел за потребите на програмата.

Како, тие плочи биле малку на број, а меѓу нив била и „Лили Марлен“, една те иста музика се имитувала постојано. Но, од сите песни слушателите, посебно војниците, најмногу ја сакале „Лили Марлен“. За популарноста на песната се слушнало насекаде, па веста дошла и до нацистичките власти, посебно до Гебелс кој бил министер за пропаганда. Тој сметал дека војниците имаат поважна работа од слушање музика и наредил да се забрани емитувањето.

По забраната почнале да пристигнуваат писма на војници од сите страни на Европа со барање песната да се врати на програмата. Барањето било задоволено и било наредено според програмската шема да се пушта секој ден во 21,55 часот. Сите војници што биле стационирани на борилиштата низ Европа на Медитеранот, па дури Ромел кој бил командант на германските сили во Африка, редовно ги местеле своите радио апарати на френкфенцијата на Радио Белград за да ја чујат песната.

Тоа било сигнал за германските власти да ја искористат песната за воени цели, па наредниот период „Лили Марлен“ можела да се чуе во разни аранжмани, како марш, како свечена песна снимена со големи хорови и била неизбежен декор на сите масовни собири и прослави на кои Хитлер ја демонстрирал својата сила.

Од друга пак страна, сојузничките сили исто така ја користеле за мотивација на своите војници. Англиската пејачка Ен Шелтон настапувала насекаде каде што била сојузничката војска, тоа го правела и Марлен Дитрих. И во Франција песната била популарна. Меѓу другите ја пеела и Едит Пијаф и била редовно на програмата на ноќните барови, кабареа и бистроа, но како поддршка на ослободителната војска. Песната е пеена и на руски јазик.

По смртта на Марлен Дитрих која почина на 91 година на 6 мај во 1992 година во Париз, а беше закопана по нејзина желба во Германија, се појавија барем стотина разни нејзини и компилациски изданија на кои беше најпозната изведба на „Лили Марлен“ и на германски и на англиски јазик. И не само нејзини, се појавија и многу други изданија на „Лили Марлен“ во изведба на разни пејачи и оркестри. Постои импозантен број на пејачи и оркестри кои ја снимиле оваа песна или во најлош случај ја имале на својот репертоар. Меѓу најпознатите што ја снимиле се: Ал Мартино, Аманда Лир, Џемс Ласт, оркестарот „101 виолина“, Антон Карас, Патриција Кас, оркестарот на Вернер Милер, Карли Сајмон, Френк Синатра, Пери Комо, Хенк Сноу (кантри верзија), оркестарот на Били Вон, „Кени Бал и неговите џезери“, Вера Лин, Милва и навистина многу други.

Во 2005 година на стогодишнината од раѓањето на Лале Андерсен во Лангеог (Долна Саксонија) е подигнат споменик со нејзина скулптура во природна величина и спомен плоча за сеќавање на песната „Лили Марлен“.

Во оваа прилика вредно е да се спомене и филмот „Лили Марлен“ што во 1981 година го сними еден од најзначајните германски режисери по Втората светска војна Рајнер Вернер Фасбиндер.

Кај нас, во периодот по Втората светска војна, песната е забранета, како нацистичка, песна која го симболизира фашизмот и зверствата што настанале како епилог на сето тоа. Тоа, се разбира, во тоа време и можело да се сфати како такво, но всушност песната е една обична љубовна балада, длабоко во својата суштина анти воена со силна порака за бесмисленоста на војните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.